Контактирајте нè и побарајте понуда за професионални сметководствени услуги

Доверете ни го Вашиот раст и успех!

Изберете професионално сметководство и консалтинг без разлика дали започнувате со бизнис или сте голема и веќе развиена компанија (домашна или странска).

Сметководствени услуги

Доверете ни го Вашето сметководство, а ние ќе Ви помогнеме да остварите долгорочен раст на Вашиот бизнис. Салдо Три Ви нуди повеќе видови услуги од областа на сметководството, даноците, планирањето и контролата на Вашата фирма.

Финансиско работење

Прецизно финансиско работење, даночни пресметки и финансиските извештаи можете да ни ги препуштите нас, додека Вие целосно се посветувате на другите аспекти од Вашиот бизнис. Оваа стратегија ќе го убрза растот и развојот на вашата фирма.

Пресметки на плати

Ослободете се од непотребната администрација која Ви одзема време и добијте професионална услуга на пресметка на плати. Нашиот тим за имплементација и обработка на податоците осигуруваат сигурна, брза и стабилна услуга која резултира во задоволни вработени во Вашата компанија.

Консултантски услуги

Преку детална анализа на Вашите финансиски извештаи  можеме да Ви помогнеме да најдете одговори на многу од финансиските и деловните прашања. Ви нудиме професионални консалтинг услуги за раст на Вашиот бизнис.